Стружанецот Арбен Тафа ќе му се врати на фудбалот, после потпишување на договор со тетовска Ренова.

Дефанзивецот Тафа паузираше минатата полусезона, затоа што замина од Беласица, неполн месец по официјализирање на соработката.

Во името на Тафа, Ренова ќе добие на квалитет и искуство во одбраната, која е важна алка во остварување на резултатски планови. Покрај Тафа, нов фудбалер е и Фатјон Јусуфи.

Шкупи го доведе Матеј Цветаноски од Вардар

Второпласираниот во Првата лига, Шкупи го презентираше Матеј Цветаноски, како нов фудбалер на „Чаир“.

Цветаноски редовите на Шкупи ќе ги засили од Вардар, каде помина неколку сезони. Офанзивниот фудбалер беше еден од подобрите членови на Вардар во турбелетната полусезона и неслучајно е избор на Шкупи.

OhridNews