Освојувачот на титулата во Купот на Македонија во 2019 година, Академија Пандев на позицијата тренер ќе го ангажира довчерашниот шеф на стручниот штаб во Вардар, Александар Васоски.
Популарниот „тетовче“ заминувањето од Вардар го најави веднаш после завршување на есенската полусезона во која клубот помина низ многу турбеленции и неизвеност.
Васоски деновиве ќе биде промовиран во нов тренер на Академија Пандев, што двете страни ги договорат сите детали околу соработката.
За Академија Пандев ова ќе биде трет тренер сезонава. Прв беше Александар Таневски, а есенската полусезона ја заврши Југослав Тренчовски.
„Пандевци“, првата етапа во македонска фудбалска елита ја завршија на претпоследната 11-та позиција со дефицит од пет бодови во однос осмопласираниот Силекс, кој се наоѓа на последното сигурно место на табелата.
OhridNews