Фудбалерите на Академија Пандев, го освоија целиот плен во Тетово победувајќи ја минимално со 1-0 (1-0) екипата на Шкендија во дерби средбата од Првата македонска фудбалска лига.
Струмичани погодокот за водство и конечна победа го постигна во судиското продолжение од првото полувреме. Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Марио Маслаќ.
Шкендија, ниту со тренерската промена не успеа да заличи на себе и да покаже дел од шампионските манири. После поразот Шкендија може да падне во долниот дел од табелата, додека Академија Пандев се искачи на врвот од табелата симнувајќи го Вардар во лидерската позиција.
Утре ќе се комплетира 10-та рунда со мечевите Силекс – Ренова, Македонија Ѓорче Петров – Вардар, Работнички – Струга Трим Лум и Борец – Шкупи.
OhridNews