Како се приближува крајот на првенството, се поизвесно е дека нов шампион ќе биде тимот од Дебар Маало. “Романитичарите “ на девет кола пред крајот имат огромни +15 пред второпласираниот Милано и прашање на време е кога и теоретски ќе се закитат со нова титула. Во колото кое следува гостуваат на Напредок во Кичево. Во пролетниот дел од сезоната “дечките“ на Бочески играат како саат на домашен терен.

Милано предводен од најдобриот стрелец во превенството Глигоровски (13 гола), гостува кај Силекс. Црвено–црно дерби ќе се игра во Тетово каде на стадионот под Шара, Шкендија ќе го пречека Вардар.

Актуелниот шампион Победа кој е во центарот на вниманието поради не фудбалски теми гостува кај последно пласираниот Башкими. Во натпревар кој би обезбедил мирна пролет Ренова ја пречекува Македонија ЃП. Во Кисела Вода, Цементарница го пречекува европски ориентираниот Пелистер. Главен судија на мечот е Стефчо Шулески,а ќе му помагаат Негриески Кирил и  Грданоски Симон од Струга.

тим игр. поб. нер. изг. + бод.
Работнички  К 23 18 5 0 38 6 59
Милано 23 14 3 6 48 24 45
Вардар 23 10 10 3 33 15 40
Пелистер 23 11 6 6 25 17 39
Победа 23 9 8 6 34 31 35
Ренова 23 8 7 8 22 23 31
Македонија Ѓ.П. 23 8 4 11 26 34 28
Напредок 23 7 6 10 24 37 27
Силекс 23 6 8 9 23 29 26
Шкендија 79 23 5 4 14 15 32 19
Цементарница 23 3 6 14 18 32 15
Башкими 23 3 5 15 25 51 14