Фудбалерите на Струга Трим Лум, забележаа голема победа на домашен терен совладувајќи ја Шкендија со 2-1 (0-1) во рамките од 16-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Избраниците на Јетон Бекири до триумф против шампионот во македонска фудбалска елита стигнаа со пресврт во вториот дел, откако после 45 минути игра имаа негатива 1-0.

За водство на Шкендија погоди Бразилецот Жуниор, кој само ја круниса доминатната игра на гостите на Градскиот стадион во Струга.

„Црвено белите“, стрпливо ја чекаа својата шанса и покрај негативата. Првата прилика ја имаше Валентин Кочоски. Охриѓанецот во струшките редови постигна маестрален погодок од слободен удар за голема еуфорија во Струга.

Ситуацијата на теренот и покрај изедначиот резултат не се промени. Шкендија притискаше, а Струга вешто го чуваше позитивниот резултат. Тетовчани уфрлија брзина погоре, а тогаш следуваше нов шок за македонскиот фудбалски првак. Искусниот Нијас Лена избегна офсајд стапица, побрз беше од противничките фудбалери и со одмерен удар ја затресе мрежата на Дино Захов за 2-1.

Во продолжението од мечот, Шкендија ги зголеми нападите но стружани го задржаа водството и забележаа голема победа.

Струга Трим Лум со 22 бодови се наоѓа на седмата позиција но со предност од шест бодови во однос на Ренова која е осмопласирана, додека Шкендија има осум бодови негатива во однос на лидерот Вардар кој ремизираше во Кратово со Силекс 2-2.

Резултати: 

Ренова – Македонија ЃП 1-1

Шкупи – Академија Пандев 3-1

Струга ТЛ – Шкендија 2-1

Силекс – Вардар 2-2

Работнички – Борец 2-1

Табела: Вардар 32, А. Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 23, Македонија ЃП 22, Шкупи 22, Струга ТЛ 22, Ренова 16, Борец 16, Работнички 14

OhridNews