Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во Кавадарци, против Фени индустри ја имаат првата, од трите меч топки, во борбата за шампионската титула.


Екипата на Александар Тодоров, во меѓусебните дуели води со 3:1 и уште само една победа ја дели од освојувањето на првата шампионската титулата во историјата на клубот.

Тодоров не дозволува никакво опуштање, по победата во неделата, тој рече дека финалето допрва почнува.

Натпреварот во Кавадарци ќе се одигра пред празни трибини, поради казната која МКФ на Фени индустри. За потсетување, на натпреварот кој во четвртокот се одигра во Кавадарци, тренерот на МЗТ беше погоден со канта во главата, по што мечот беше во прекин речиси еден час.

Од таборот на Фени се надеваат дека ќе забележат победа по што серијата би ја вратиле во Скопје.

„Ништо не е готово. Останува во Кавадарци да одиграме добар натпревар и се надевам дека ќе победиме, со што ќе добиеме нова шанса во Скопје“, изјави тренерот на се уште актуелниот македонски шампион“, изјави тренерот на кавадарчани, Емил Рајковиќ, кој најверојатно нема да може да смета на Марко Симоновски.

Почетокот на натпреварот во Кавадарци е закажан за 20:30 часот.

“макфакс“
Ohridnews