Првата европска машка „cheerleading“ група од Миделтон, Велика Британија веќе една година трпеливо тренира и ќе ги одмери силите со женските екипи на еден традиционален натпревар. Тие веќе освоиле неколку награди на националните натпреварувања.


Групата брои осум момчиња на возраст од 6 до 12 години. Тие секојдневно имаат проблеми бидејќи ги задеваат оти имале женско хоби. Момчињата ги тренира Иан Родли, кој вели дека тие се една од четирите вакви екипи во светот.