Воска Спорт со победа го започна вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Вчера на СРЦ „Билјанини извори“ во директен дуел за опстанок во лигата Воска Спорт ја совлада Беса со 2:0 со головите на Зуљ во 73 и на Осеи во 77 минута.

Со оваа победа Воска Спорт го прескокна директниот конкурент на табелата и сега охридскиот прволигаш е десетти со 15 бода колку што има и Тиквеш, веднаш над зоната за испаѓање во која се Вардар и Беса со по 13 бода.

Во останатите натпревари постигнати беа следните резултати: Гостивар Струга ТЛ 1:0, Силекс – Тиквеш 1:1, Вардар – Шкендија 1:2, Шкупи – Работнички 2:0 и Пелистер – Брера 0:0.

На табелата води Шкендија со 40 бода пред Силекс и Гостивар кои имаат по 38.

Г.М.