Во рамки на Првата фудбалска лига, попладнево на СРЦ „Билјанинби извори“ ќе се сретнат Воска Спорт и Вардар.
Воска Спорт го респектира противникот, но влегува во натпреварот со императив да оствари победа. Вардар пак е соочен со големи турболенции откако пред мечот со Воска Спорт остана без спортскиот директор Бајевски и тренерот Грнчаров. Па така на натпреварот во Охрид екипата ќе ја води Ѓоко Хаџиевски.
Натпреварот Воска Спорт – Вардар почнува во 17 часот.
Инаку, на овој ист стадион, ден претходно, требаше да се одигра Езерското дерби помеѓу Охрид и Караорман, но натпреварот беше одложен ден пред одигрувањето од страна на ФФМ. Неофицијално причината била да се зачува тревникот за европскиот натпревар на Струга Трим и Лум што ќе се одигра оваа среда на „Билјанини извори“, што пак предизвика лавина реакции во јавноста и кај симпатизетите на Охрид и Караорман.
Г.М.
Фото: Архива