Позитивните вибрации за продолжување на фудбалска сезона во Германија, Англија и Италија нема да се пресликаат во Франција, откако властите во соработка со надлежните министерства забранија јавни собири во кои спаѓаат и спортски настани до 1 септември.
Одлуката за забрана на јавни собири ја соопшти премиерот на Франција, Едуард Филип. Тој рече дека забраната била последна опција не неизбежна поради аларматната ситуација во Франција.
Француската фудбалска федерација мора во најбрз можен рок да се огласи како ќе ја заврши сезоната. Во француските медиуми излегоа две опции. Првата е прекин на шампионатот со прогласување на првак и испаѓање додека втората е прекин на шампионатот и поништување на резултатите. Местата во Европа ќе се распределат по моменталниот пласман на табелата.
Крај на шампионатите претходно прогласија Белгија и Холандија.
OhridNews