Екипата на Воска Спорт, вчера забележа вредна победа на госувањето кај Гостивар. Стрелци на головите за прволигашот од Охрид беа Виноградац во 30 минута и Клинтон во 83 минута.
Со оваа победа Воска се искачи на 10 место и ја продолжува битката за опстанок во најсилната лига на Македонија.
Резултати 1 лига 25 коло:
Силекс – Тиквеш 1:1
Струга – Шкупи 0:0
Гостивар – Воска Спорт 0:2
Шкендија – Брера Академија Пандев 2:1
Работнички 0 Беса Добридол 1:0
На табелата води Шкендија од Тетово со 53 бода пред Сичекс со 49 и Работнички со 48 бода.
Г.М.
Фото: Воска Спорт/Фејсбук