Водечката екипа на табелата во Првата лига, Работнички ја оправда фаворитска улога против АВ Охрид победувајќи со 100-69 (27-18, 26-21, 24-17, 23-13) во заостанатиот меч од 20-та рунда од македонскиот кошаркарски шампионат.
„Црвено белите“ не оставија ништо на случајност и уште од самиот старт наметнаа темпо кое беше пресилно за охридските кошаркари.
Првата четвртина пулените на Марин Докузовски ја добија со 27-18, во втората водството го зголемија за дополнителни пет кошеви за (53-39) на полувремето.
Доминацијата на гостинските кошаркари продолжи и во третиот и четвртиот квартал. Третито им припадна со 24-17, додека последниот со 23-13 за убедлива победа 100-69.
Најпрецизен во составот на АВ Охрид беше Рос Кенет со 21 поен, Фил Хенри мечот го заврши со 18 кошеви, а Стеван Глигоријевиќ постигна 12. Кај гостите Костов уфрли 23 поени, Мираковски реализираше 17, а Николовски 15.
Во следната рунда АВ Охрид силите ќе ги одмери со МЗТ Скопје, а Работнички ќе се сретне со Карпош Соколи.
OhridNews