Кошаркарите на АВ Охрид остануваат без победа и по шест одиграни мечеви во Првата лига. Во шестата рунда подобар од охридскиот состав беше тимот на Фени Индустри кој славеше со 86-81 (20-15, 27-15, 23-26, 16-25) во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Првата и втората четвртина им припадна на домаќините кои обезбедија предноста од 17 поени разлила. Третиот и четвртиот период ги добија охридските кошаркари, но не успеаја комплетно да ја анулираат предноста на противниците. „Галебите“ во финишот стигнаа до два поени негатива (80-78), но домашните кошаркари не дозволија пресврт и го запишаа четвртиот триумф.

Во победничкиот тим најпрецизни беа Јане Петровски и Филип Бакоч со 20 постигнати поени, кај охриѓани најефикасен беше Рос Кенет со кошеви.

OhridNews