Кошаркарите на Струмица го освоија целиот плен во „Билјанини Извори“ совладувајќи го составот на АВ Охрид со 64-60 (9-20, 19-15, 20-9, 16-16) во 11-та рунда од Првата кошаркарска лига.


„Галебите“ во мечот со Струмица влегоа како фаворити, но таквиот епитет го оправдаа само во првиот период кој го добија со 20-9, а толку, очигледно не е доволно за победа.

Во вторите десет минути домаќините го задржаа водството, но гостите ја „раситнаа“ двоцифрената предност и на семафорот стоеше (35-28).


Многуте технички грешки, избрзани шутеви и ноншалтноста во играта ги чинеше охриѓани губење на предноста во третиот дел. Струмичките кошаркари сурово ги казнија сите аномалии на охридскиот состав и го презедоа водството 48-44, откако го добија третиот период со 20-9.

Гостите во последните десет минути го издржаа налетот на Охрид кој во неколку наврати имаше негатива од три поени и напад, но не и прецизност за да се врати во игра за поволен резултат.


Со двата бодови од овој меч Струмица комплетираше „двојна“ победа над Охрид и се изедначи со „галебите“ на табелата по 11-ет одиграни мечеви во Првата лига

Најпрецизен во охридскиот тим со 16 поени беше Лука Милојевиќ, а со двофифрен учинок завршија Михајловски (12), Младеновиќ (10) и Василиќ (10).


Составот на Струмица до победа го водеше Ефтим Богоев кој реализираше 19 поени. Добра помош капитенот на струмичани имаше од Јокиќ кој заста на 15 кошеви.

Во 12-та рунда од шампионатот охридските кошаркари ќе се сретнат со Работнички во Скопје.

OhridNews