Кошаркарите на АВ Охрид со пораз од МЗТ Скопје 77-62 (21-18, 19-17, 18-15, 19-12) во заостанатиот меч од 10-та рунда ги завршија своите обврски во есенската полусезона во Првата лига.

„Галебите“ три четвртини беа рамноправен противник на шампионот кој дури во последните десет минути го скрши отпорот и стигна до триумф.

Охриѓани првата четвртина ја загубија со 21-18, а втората 19-17 за негатива (40-35) на полувремето. Домашните кошаркари после триесет минути имаа водство од 58-50 по добиената трета четвртина (18-15).

Во последниот период „штрковите“ додадоа гас, охридските кошаркари го загубија здивот и претрпеа пораз 77-62.

Најефикасен во домашниот состав беше Дамјан Стојаноски со 19 поени, додека во тимот на АВ Охрид, Рос Кенет со 26 кошеви.

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со пет победи и шест порази ќе заврши на седмата позиција и со изгледни прилики за пласман на местата кои водат во плејофот.

OhridNews