Кошаркарите на Црн Дрим Грин Мобиле го скршија мразот и од втор обид го забележаа првиот триумф во македонската кошаркарска елита. Стружани славеа на гостински терен кај вториот тим на МЗТ Скопје со тесни 78-75 (20-19, 20-19, 20-15, 18-22).

Избраниците на Петар Чочороски иако добија три од четирите четвртини мораа добро да се „испотат“ за победата во самиот финиш. Екипата на МЗТ Скопје Уни Банка имаше шанса за егал, но во последниот напад не го реализираа шутот за три поени.

Во тимот на Црн Дрим се истакна Кори Рос со 24 поени, а повеќе од солиден натпревар одигра и Андреј Настовски кој уфрли 21 поен и додаде 13 скокови. Кај домаќините најефикасен беше Лука Савичевиќ со 22 кошеви.

Стружани во четвртата рунда од Првата лига силите ќе ги одмерат со тимот на Академија ФМП.

Резултати 3.рунда:

Кожув – Работнички 84-95

Академија ФМП – Куманово 91-89

МЗТ Скопје Уни Банка – Црн Дрим 75-78

Гостивар – Еуроникел 96-87

OhridNews