Охридските кошаркари со пораз од Работнички ги започнаа мечевите од втората полусезона во Првата лига, откако изгубија 96-54 во последниот меч од 12-та рунда кој се одигра во „Градски Парк“.
Домаќините во целост ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми го совладаа гостинскиот состав. „Галебите“ имаа сила за рамноправен отпор околу пет минути во кој успеаја да и поведат. Работнички брзо ги стави под контрола работите и ги намести коцките за убедлиов триумф.
Во составот на Работнички шанса добија и помладите, а воопшто на мечот не настапија Караџоски и Чекоски. Во тимот на АВ Охрид солидно деби имаше Милјан Дрекаловиќ.
Во следната 13-та рунда АВ Охрид силите ќе ги одмери силите со Кожув на домашен терен, додека Работнички гостува кај битолски Пелистер.
OhridNews