Кошаркарите на АВ Охрид го положија оружјето во Куманово претрпувајќи пораз од истоимениот состав (105-97) во драматичен и неизвесен натпревар од 13-та рунда во Првата кошаркарска лига.
Со триумфот пред своите гледачи кумановчани стигнаа до осмата победа, додека охридските кошаркари го претрпеа седмио пораз во елитата сезонава.
„Галебите“ маестрално го отворија мечот и првиот квартал го добија со 29-14. Поголем дел од предноста кошаркарите на Куманово успеаја да ја анулираат во втората четвртина и на одмор заминаа со четири негатива (51-47).
Третата четвртина понуди возбудлива и маестрална кошарка, а охриѓани иако ја изгубија четвртина ја задржаа предноста (77-76) пред последниот период.
На стартот од решавачките десет минути домаќините направија серија 8-0 и го презедоа водството. До крајот и покрај обидите на АВ Охрид го задржаа и забележаа победа (105-97).
Најефикасен кај охриѓани беше Мартин Јунаковиќ со 36 поени, а кај домаќините се истакна Димитар Караџоски кој реализираше 22 поени.
OhridNews