Есенскиот ракометен првак во Првата машка ракометна лига, Струга претрпе пораз 26-24 (14-13) на гостувањето кај екипата Вардар Полог.

За стружани ова е трет пораз сезонава, прв во пролетниот дел од шампионатот. Во следната рунда на домашен терен “паткарите“ го пречекуваат Драчево додека Вардар Полог во 13-та рунда е противник на охридските ракометари.

Мх.П.