Кошаркарите на Гостивар ја забележаа 12-та победа сезонава совладувајќи го составот на АВ Охрид со 83-71 (25-11, 23-18, 15-23, 20-19) во 19-та рунда од Првата македонска кошаркарска лига.

Причина за десеттиот пораз на АВ Охрид оваа сезона е летаргичниот почеток на мечот. Домаќините со 13-4 поведоа, а по истекот на 10-та минута имаа водство 25-11. Во втората четвртина охриѓани се созедоа, ја смирија топката, но домаќините носени од публиката во спортската сала „Младост“ ја зголемија предноста за дополните пет поени за 48-29 на полувремето.

И покрај големата негатива „галебите“ не се предадоа и со 10-0 серија го отворија третиот квартал и намалија на 48-39. Гостивар го одржуваше водството од десет поени и со толку влезе во завршните десет минути. Во последниот период домашните кошаркари го одржаа налетот на „галебите“ и рутински го спроведоа мечот во мирна завршница и победа 83-71.

Најефикасен кај охриѓани беше Рос Кенет со 26 поени, кај домаќините Магдески запиша 15 кошеви, а 14 постигна Шегериќ.

OhridNews