Кошаркарите на Охрид претрпеа убедлив пораз на гостувањето во Гостивар. Домаќинот славеше со 108:86.

Уште во првата четвртија гостиварци стигнаа до двоцифрена предност 29:17. Охрид покажа заби во втората четвртина која ја доби 27:29 и тоа беше се од охриѓани на мечот. Во третиот период Гостивар стигна до 29:20, а ја доби и последната четвртина 23:20.

По 15 кола Охрид е на 10 позиција со 18 бода, пред ФМП Академија и Вардар кои имаат ист број бодови. На врвот на табелата со по 27 бода се наоѓаат Еуро Никоел и МЗТ Скопје.

Охрид во следното коло, на 3 февруари на домашен терен ја пречекува екипата на Пелистер.

Г.М.