Кошаркарите на Кожув го освоија целиот плен во спортска сала „Билјанини Извори“, откако во крајно неизвесен натпревар го совладаа АВ Охрид со 86-80 (26-20, 23-20, 14-21, 23-19) во претпоследната рунда од регуларниот дел во Првата лига.


Гостите од Гевгелија во решавачките мигови останаа присебни, а охриѓани носени од домашната публика не се откажаа ниту во еден момент иако во некои мигови имаа и двоцифрена негатива.

Првата четвртина „црвените“ ја добија со плус шест поени (26-20), а водството во вторите десет минути го зголемија за дополнителни три поени за 49-40 на полувремето.


„Галебите“ поентерски експлодираа во третиот период и со серија (14-4) ја намалија предноста на Кожув на (59-55). До крајот од третиот квартал домашните кошаркари ја намалија разлика за уште два поени за минус два во пресрет на последната четвртина (63-61).

Во решавачките десет минути имаше се и сешто. Охрид погодуваше за два и три кога беше потребно, а Кожув враќаше со иста мера. Иако се играше кош за кош гостите го диктираа резултаското темпо.


Таквата игра на теренот ја стана публиката на нозе на трибините и натпреварот беше вистинска глетка за уживање без разлика на крајниот исход. Во неизвесната завршница искуството на гостите пресуди, но радува желбата за игра и победа во охридскиот состав.


Во охридскиот состав двоцифрен учинок имаа Девен Брукс (21 поен), Лука Милојевиќ (13), Слободан Михајловски (13), Бранко Јанески (13) и Карлен Шејн (12), кај гостите Ѓурасовиќ уфрли 23 кошеви, МекНил 20, а Димчевски 19 поени.

За составот на Кожув ова беше осма победа сезонава во Првата лига, додека охридската екипа го претрпе десеттиот пораз во елитата. Во последната рунда од регуларниот дел во кошаркарската лига АВ Охрид гостува кај скопски Вардар.

Мх.П.