Кошаркарите на Охрид претрпеа убедлив пораз во Битола од Пелистер. Во 5 коло, вечерва во салата „Боро Чурлески“, пелистерци славеа со 97:57.
Охриѓани резултатски беа рамноправни само во првата и последната четвртина. Домаќинот мечот го отвори со 22:19, а го реши во втората четвртина која Пелистер ја доби со 35:14. Разликата порасна во третата четвртина која домашните кошаркари ја добија со 25:12, а последниот период Пелистер го доби со 15:12.
Најефикасен кај Пелистер беше Планиниќ со 22 поени, а Ибраими кај Охрид уфрли 10.
Во следното коло, што на програмата е на 4 ноември, Охрид на домашен терен го пречекува МЗТ Скопје.
Г.М.
Фото: Принтскрин