Кошаркарите на АВ Охрид со победа ги започнаа мечевите за опстанокot во елитата совладувајќи го тимот на Пелистер со 83-66 (15-16, 29-20, 27-11, 12-19) во спортскаta сала „Јасмин“ во Кавадарци.
Триумфот и бодовите од овој меч се исклучително важни за „галебите“, бидејќи битолските кошаркари се директни ривали во плејаут лигата и реванш за прошлогодишниот пораз во драматична завршница.
Мотивираниот почеток на домаќините им донесе предност од 10-2 на семафарот по три минути игра. Но, охриѓани не дозволија уште непочнат да го загубат мечот и со серија 7-0 се вратија во игра (10-9). „Зелено белите“ до крајот на првиот квартал ја задржаа предноста од еден поен и на краток одмор заминаа со 16-15.
Вистинското лице охридските кошаркари го покажаа во почетните две минути од вториот период постигнувајќи осум поени во серија за преземање на водството (23-16). „Галебите“ продолжија во таков ритам и стигнаа до двоцифрена предност која достигна и до 14 поени. Пелистер со мини серија го „раситна“ двоцифреното водство на Охрид и на полувреме негативата ја спушти на осум поени (44-36).
Со добрата и ефикасна игра охриѓани продолжија и во третиот период во кој го решија прашањето околу победникот. Со вкупно 29 поени од секаде и секако охридските кошаркари го оптишаа домашниот состав од било каков поволен резултат на стартот од плејаут лигата. Последниот период избраниците на Петар Чочороски рутински го одработија и ја заверија победата која широко им ги отварата вратите за опстанок во елитата.
Перфектен меч без промашување во охридскиот дрес имаше Бранко Јанески кој постигна 19 поени, исто колку него реализира Девон Брукс. Во гостинскиот состав се истакна Анакиевски кој реализираше 18 кошеви.
Во втората рунда од плејаут лигата охриѓани на домашен терен ќе го пречекаат составот на Струмица.
Мх.П.