Кошаркарите на Охрид викендов загубија дома од Работнички 96:11 во натпревар од 19 коло од Првата лига.

Првата четвртина гостите ја добија минимално 19:20, додека клучната предност ја стекнаа во втората и третата четвртина кои Работнички ги доби 21:28, односно 21:33. Последниот период му припадна на Охрид 35:30.

На табелата водат Работнички и МЗТ Скопје со по 34 бода. Охрид е десетти со 23 бода.

Во следното коло Охрид на 16 март му гостува на Феникс.

Г.М.