Серијата без победа во Првата лига продолжува на АВ Охрид, откако на домашен терен во третата рунда од Првата лига претрпеа пораз од Куманово 94-67(32-8, 16-24, 22-24, 24-11).

„Галебите“ оружјето во СРЦ „Билјанини Извори“ го положија по само десет минути игра. Гостинските кошаркари максимално го искористија грчот на охриѓани и уште на стартот стигнаа до двоцифрена предноста. На крајот од првиот квартал таа изнесуваше 32-8.

Втората и третата четвртина „галебите“ ги добија со 24-16 и 24-22 и ја намалија големата негатива на семаофорот. Гостите во решавачкиот четврти квартал не дозволија домаќините да влезат во некоја кошаркарска серија и ја задржаа предноста за триумф 94-67.

Поентерски во составот на Куманово се истакна Думиќ со 21 поен, додека тимот на АВ Охрид најрасположен за игра беа Младеновиќ 14 кошеви односно Миладиновиќ кој уфрли 13.

Во следната четврта рунда „галебите“ се слободни, а во петтото коло силите ќе ги одмерат со МЗТ Скопје.

OhridNews

 

 

OHR824241167KUM3216222494