Кошаркарите на АВ Охрид в сабота со почеток во 18 часот ќе имаат вистински тест на силите во Кавадарци против Фени Индустри во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига.
„Галебите“ победнички ја започнаа дебитанската сезона во елитата совладувајќи го Пелистер на домашен терен. Фени Индустри, пак, во Гевлегија ги запиша првите бодови совладувајќи го Кожув со тесни 66-63.
– Се работи за квалитетна и пред се искусна екипа во прволигашкото друштво. Мотивите во нашата екипа секогаш ќе бидат големи сезонава, бидејќи сакаме да се покажиме во вистинско светло на сите мечеви. – изјавија од клубот.
После натпреварот во Кавадарци против Фени, охридските кошаркари и останатите екипи во Првата лига почнуваат со пеколен ритам на мечеви „среда – сабота“ кој ќе трае до 24 декември.
Двојки 2.коло: Вардар – Пелистер, Струмица – Работнички, Фени Индустри – АВ Охрид, Куманово – Кожув.
Табела: Работнички 2, АВ Охрид 2, Струмица 2, Фени Индустри 2, Кожув 1, Вардар 1, Пелистер 1, Куманово 1.
OhridNews