Кошаркарите на АВ Охрид во рамките од 12-та рунда во Првата лига гостуваат во „Градски парк“ кај составот на Работнички.
Гостувањето во Скопје ќе биде нов почеток на охриѓани по заминувањата на Марјан Младеновиќ, Милојко Василиќ и Саша Ѓорѓевиќ од екипата.
Двата состави во претходна рунда претрпеа порази и во овој дуел ќе бркаат победа со која ќе ги залечат раните.
После оваа рунда следуваат натпреварите во Лимак Купот на Македонија во кои ќе учестуваат и охридскиот клуб.
Двојки 12.рунда: Вардар – Кожув, Куманово – Фени Индустри, Работнички – АВ Охрид, Струмица – Пелистер.
Табела: Фени Индустри 21, Работнички 20, Куманово 17, Кожув 16, Пелистер 15, Струмица 14, АВ Охрид 14, Вардар 11.
OhridNews