Екипата на Воска Спорт вчера го совлада Вардар во Скопје со 1:3. Ден по поразот шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Горан Петрески, заедно со своите помошници поднесоа неотповиклива оставка.
Тој се заблагодари на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.
Јас и мојот стручен штаб ја преземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати, изјави Петрески.
OhridNews