Кошаркарите на АВ Охрид со целиот плен се враќаат од гостувањето во Скопје победувајќи го тимот на Шкупи со убедливи 106-89 (21-14, 29-30, 26-23, 30-22). Со победата против последнопласираниот, охриѓани ја оправдааа фаворитската улога и со триумф ги започнаа мечевите од плејаутот.
Домашните кошаркари подобро го отворија мечот и поведоа со 6-2. Охриѓани брзо се консолидирааа и вратија 10-2 серија за водство 12-8. До крајот на првата четвртина ја зголемија предноста за дополнителни три поени и позотива 21-14.
Стартот од вториот квартал им припадна на „галебите“ кои стигнаа и до двоцифрена предност (31-21). Но, следуваше серија со технички грешки која Шкупи ја искористиј и дојде на четири негатива. Охридските кошаркари во финишот не дозволија да го загубат водството и на одмор заминаа со +6 (50-44).
Третата четвртина помина во комплетна доминација на охридскиот состав. Предноста на семафорот варираше, но во ниту еден момент домаќините не се заканаа да ја анулираат. Најмногу што успеаја да направат е да дојдат до три поени, но во финишот кошаркарите на АВ Охрид го добија кварталот и обезбедија девет поени за последниот крвартал.
„Галебите“ во завршните десет минути уфрлија брзина погоре, домаќините немаа одговор за течната и ефикасна игра на АВ Охрид. Од минутата во минута разликата растеше, а на крајот изнесуваше 106-89.
Најефикасни во тимот на АВ Охрид беа Андреја Атанасов и Лука Милојевиќ кои реализираа по 25 поени, Александар Андрејевиќ застана на 20, а двоцифрен учинок имаше уште Антонио Донески кој уфрли 10 кошеви. Кај Шкупи, Хот постигна 21 поен, а Димитриески реализираше 17.
Во втората рунда од плејаутот, охридските кошаркари на домашен терен го пречекуваат тимот на Пелистер.
OhridNews