Кошаркарскиот клуб АВ Охрид в сабота со почеток во 18 часот на домашен терен во рамките од 11-та рунда во Првата лига ќе го пречека составот на Струмица.


„Галебите“ во есенската полусезона претрпеа пораз во Струмица по многу возбудувања и борба на теренот.

– Тој пораз е еден од нашите најболни сезонава, бидејќи имавме предност во третата и почетокот од четвртата четвртина, а на крајот изгубивме. Одиме со сите сили на победа, без изговори ! – коментираат играчите.


Охридските бели по десет одиграни натпревари со 13 бодови се наоѓаат на шестата позиција, додека Струмица со бод помалку е на седмото место.

Двојки 11.рунда: Фени Индустри – Вардар, Кожув – Работнички, АВ Охрид – Струмица, Пелистер – Куманово.

Табела: Работнички 19, Фени Индустри 19, Куманово 15, Кожув 14, Пелистер 14, АВ Охрид 13, Струмица 12, Вардар 10.

OhridNews