Кошаркарите на АВ Охрид немаат премногу време за „тагување“ по поразот во Кавадарци од Фени Индустри, бидејќи периодов кој следува ги очекува пеколен натпреварувачки ритам во Првата лига.


„Галебите“, згуснатниот распоред ќе го започнат со натпреварот против составот на Куманово кој ќе се одигра денеска со почеток во 18 часот.

Кумановчани, исто како и охридските кошаркари имаат скор од една победа и пораз, и со ист број на бодови ќе ја започнат првата меѓусебна пресметка сезонава.


Натпреварот во „Билјанини Извори“ ќе означи почеток на третата рунда, која ќе се комплетира во среда со мечевите Работнички – Вардар, Пелистер – Фени Индустри, Кожув – Струмица.

OhridNews