Кошаркарите на Кожув запишаа нови два бодови на табелата во Првата лига совладувајќи го тимот на АВ Охрид со 74-60 (17-13, 17-21, 22-18, 18-8) во последниот меч од 13-та рунда во македонскиот кошаркарски шампионат.

Со триумфот во СРЦ „Билјанини Извори“, Кожув комплетираше двојна победа над охридските кошаркари сезонава и го изедначи скорот (6-6) на табелата.

Во лошиот почеток на натпреварот подобро се снајде гостинскиот состав кој констатно го контролираше резултатот. Поведе со 2-0, а охридските кошаркари само еднаш и тоа на почетокот (2-2) успеа да бидат во егал. Гостите првиот период го финишираа со водство 17-13.

Сите грешки и аномалии од првата четвртина „галебите“ ги поправија во вториот квартал. Нападот функцинираше како што треба, а одбраната не дозволуваше лесни поени. Охриѓани ја надполнија негативата, а после голема борба полувремето заврши со идентични бројки на семафорото (34-34).

Третиот квартал им припадна на Кожув кој дури во финишот со серија од 7-0 го врати водството од 4 поени (54-50). Претходно, водството се менуваше, а домаќините прокоцкаа неколку прилики да се одлепат при позитива од три поени.

Играта на охридските кошаркари во последната четвртина се распадна како кула од карти. Повеќе од пет минути домаќините не реализираа поени, а гостите со 12-0 стигнаа до двоцифрена предност. Од неизвесен меч и дерби на средината од табелата натпреварот стана рутински за Кожув кој без проблеми славеше во Охрид.

Двоцифрен поентерски учинок во Кожув имаа Вилијамс (18п), Ивелја (15п), Кесар (14п) и Караколев (10п), а кај домачините расположени за игра беа Младеновиќ и Дрекаловиќ кои постигнаа 13 односно 11 поени.

Во следната рунда АВ Охрид гостува во Куманово, додека Кожув на домашен терен ќе го пречека лидерот на табелата Работнички.

OhridNews