Кошаркарите на АВ Охрид натпреварот од 14-та рунда во рамките од Првата македонска кошаркарска лига ќе го одиграат во Куманово против истоимениот состав.

Натпреварот ќе се одигра в недела со почеток во 17 часот и 30 минути, а ќе биде емитуван во живо на првиот програмски сервис на МТВ. Куманово домашните мечеви сезонава ги игра во салата „Економско“, бидејќи матичната сала се реновира.

После тринаесет рунди во кошаркарската елита Куманово со 18 бодови се наоѓа шестата позиција, додека охриѓани се осмопласирани со вкупно 15 поени.

Двојки 14.коло: МЗТ Скопје – Вардар, Кожув – Работнички, Фени Индустри – Шкупи, Куманово – АВ Охрид, Пелистер – Блокотехна

Табела: Работнички 23, Блокотехна 22, МЗТ Скопје 22, Гостивар 20, Фени Индустри 19, Куманово 18, Кожув 18, АВ Охрид 15, Пелистер 14, Вардар 13, Шкупи 10

OhridNews