Кошаркарите на АВ Охрид во деветтата рунда од Првата лига силите ќе ги одмери со водечкиот тим во елитата, Работнички во салата „Градски Парк“ во Скопје.
„Црвено белите“ во дуелот со „галебите“ влегуваат со максимален ефект и ветар бо грб после победата на МЗТ Скопје во „вечното“ дерби.
Натпреварот во Скопје се игра в сабота со почеток во 18 часот.
Двојки: Блокотехна- Струмица, Пелистер – Фени Индустри, Шкупи – Куманово, Гостивар – Карпош Соколи, Работнички – АВ Охрид, Кожув – МЗТ Скопје.
Табела: Работнички 16, Блокотехна 15, МЗТ Скопје 13, Карпош Соколи 13, Гостивар 13, Фени Индустри 13, Куманово 12, АВ Охрид 12, Шкупи 10, Струмица 9, Пелистер 9, Кожув 9.
OhridNews