Кошаркарите на АВ Охрид со дуелот против тимот на Блокотехна во седмата рунда од Првата лига ќе ги најават спортските збиднувања овој викенд во Охрид.

„Галебите“ со почеток во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе атакуваат на првата победа сезонава. Во двата претходни мечеви од македонската кошаркарска елита со Фени Индустри и МЗТ Скопје, охридските кошаркари покажаа забележителен напредок и прашање на време е кога ќе го скршат мразот.

Кошаркарите на Блокотехна со скор од пет победи и еден пораз се лидери на табелата, додека охридските кошаркари немаат победа по шест одиграни мечеви и се наоѓаат во долниот дел од прволигашкото друштво.

Во останатите двојки од седмата рунда ќе се сретнат Гостивар – Шкупи, Работнички – Фени Индустри, Кожув – МЗТ Скопје и Вардар – Пелистер.

OhridNews