Кошаркарите на АВ Охрид во последната рунда од регуларниот дел во Првата кошаркарска лига силите ќе ги одмерат со тимот на Вардар во Скопје.


Победата и бодовите од натпреварот кој ќе се одигра в сабота со почеток во 17 часот во мала сала од спортско рекреативниот центар Кале живот значат, бидејќи двете екипи се борат за опстанок во елитата.

– На мечот со Кожув иако изгубивме покажавме дека ја пребродуваме кризата и се наоѓаме на вистинскиот пат кој ќе не одведе до опстанок оваа сезона. Сето тоа што го одигравме со Кожув треба да го повториме во Скопје и да освоиме први бодови на гостински терен. – рече стратегот на охриѓани, Петар Чочороски.

Натпреварот кој ќе се одигра в сабота љубителите на кошарката ќе имаат можност да го проследат во живо на Ohrid News.

Двојки 14.коло: Вардар – АВ Охрид, Струмица – Куманово, Кожув – Пелистер, Работнички – Фени Индустри.

Табела: Работнички 24, Фени Индустри 24, Куманово 21, Кожув 20, Струмица 17, Пелистер 17, АВ Охрид 16, Вардар 13.

OhridNews