Во драматичен финиш и после голема борба кошаркарите на МЗТ Скопје го совладаа составот на АВ Охрид 83-80 (17-22, 26-11, 19-16, 21-31) и запишаа нови два бодови на табелата во Првата лига.

„Галебите“ во последниот напад имаа шанса за егал, но обидот за три поени на Хил не ја погоди целта. Домаќините претходно имаа напад на два негатива кој исто така не го реализираа.

Натпреварот од петтата рунда охриѓани одлично го отворија и прво поведоа со 5-0, потоа со 8-3, а предноста достигна и 14-3. „Штрковите“ се разбудија и до крајот на првата четвртина анулираа на пет поени (22-17). Налетот на гостите продолжи во вториот квартал кој го добија со 26-11 за анулирање на негативата и презамање на водството (43-33).

Во третиот период скопјани ја зголемија предноста за дополнителни три поени и водство од 62-49. Во воведот од решавачката четвртина гостите стигнаа до највисоки 16 поени (71-55). Но, охришаѓани не се предадоа и со серија од 12-0 се вратија комплетно во игра за поволен резултат (71-67).

„Тесниот“ резултат на семафорот внесе паника и во гостинските редови, а мечот влезе во неизвесна завршница. Домашните кошаркари прво не реализираа напад на два негатива, а не успеаја да погодат ниту на крајот за три поени и продолжение.

„Галебите“ го претрпеа четвртиот пораз, но прикажаа одлична игра и наговестија подобри резултати во периодот кој следува.

Најефикасен во гостинскиот состав беше Марко Симоновски со 27 поени, кај домаќините 18 реализираше Кевин Хил, а 15 имаше Лука Милојевиќ.

OhridNews