Четвртата рунда во Првата кошаркарска лига не донесе поголеми изненадувања и Фени Индустри и Работнички продолжуваат со својата доминација.


„Црвено белите“, со еден поен разлика (81-80) го совладаа тимот на Кожув во дербито од 4-та рунда, додека кавадарчани победнички го „препливаа“ Вардар совладувајќи го (59-54).

Походот кон водечките го продолжи Куманово кој лесно се справи со екипата на Пелистер на домашен терен, победувајќи ја 82-67.

Интересен и неизвесен меч до самиот крај одиграа Струмица и АВ Охрид. На победата за нијанса им се радуваа домаќините кои славеа со 74-68.

Резултати: Работнички – Кожув 81-80, Вардар – Фени Индустри 54-59, Куманово – Пелистер 82-67, Струмица – АВ Охрид 74-68.

Табела: Работнички 8, Фени Индустри 8, Куманово 7, Струмица 6, Кожув 5, Пелистер 5, АВ Охрид 5, Вардар 4.

OhridNews