Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со пораз од Фени Индустри во „Билјанини Извори“ (83-62) ја започна втората полусезона во Првата кошаркарска лига.
Со овој триумф кавадарчани заокружија две победи над охридските кошаркари совладувајќи ги во двете меѓусебни пресметки сезонава.
Токму дуелите со фаворитите, односно екипите кои доаѓаат од горниот дел од табелата се слабоста на охридскиот состав.
Во досегашните четири натпревари со поквалитетните екипи во лигата, АВ Охрид парираше една или две четвртини, што е премалку за некој поволен резултат.
Време за промени има, секако бидејќи само што започна втората полусезона или пролетниот дел од првенство. Следен противник на АВ Охрид е Куманово, а потоа на домашен терен го пречекуваат должникот, Струмица.
Резултати: Пелистер – Вардар 69-57, Работнички – Струмица одл., АВ Охрид – Фени Индустри 62-83, Кожув – Куманово 80-69.
Табела: Фени Индустри 17, Работнички 15 (-1), Куманово 15, Кожув 14, Пелистер 13, Струмица 11, АВ Охрид 11, Вардар 0.
OhridNews