Кошаркарите на АВ Охрид со триумф во Битола против Пелистер 80-77 (16-19 20-17, 15-27, 29-14) ги завршија настапите во регуларниот дел од Првата лига.

„Галебите“ до петтиот триумф сезонава стигнаа со фантастичен пресврт во финишот од натпреварот. Прво се вратија од негатива од 13 поени која ја имаа после триесет минут игра, а на крајот имаа шест поени негатива и повторно најдоа сили за кам бек и конечна победа.

Поените вредни победи ги постигна Миљан Дрекаловиќ кој реализираше удар за три поени во последната секунда од нападот.

Првата четвртина им припадна на домаќините со 19-16, а охриѓани возвратија со 20-17 за идентични бројки на семафорот. Во третиот квартал домаќините ја капитализираа добрата игра и стигнаа до предност од 12 поени. Охриѓани одиграа маестрално во последните десет минути постигнувајќи вкупно 29 поени. Нападот немилосрдни ги казнуваше грешките на домаќините и ја крунусиваше добрата игра во одбрана.

„Галебите“ со овој триумф им се реваншираа на „зелено белите“ за поразот од првата полусезона и ги прескокнаа на табелата.

Во составот на АВ Охрид најефикасен беше Андрејевиќ 18 поени, 16 уфрли Дрекаловиќ, а на 15 застана Атанасов. Кај битолчани најпрецизе беше Билер кој реализираше 30 поени.

OhridNews