Кошаркарите на АВ Охрид го претрпеа вториот пораз во македонската кошаркарска елита, откако на гостувањето во Гевгелија во втората рунда од првенството изгубија од тимот на Кожув 92-81 (24-21, 20-24, 30-19, 18-17).

Домашните кошаркари до првата победа во новата сезона стигнаа благодарание на добрата игра во третата четвртина во која успеаја да го анулираат минималното водство на охриѓани и да стекнат двоцифрена предност.

„Галебите“ во првата, втората и четвртата четвртина беа повеќе од рамноправен противник и покажаа дека мечот со Работнички кој убедливо го изгубија беше само лош ден.

Враќањето на Рос Кенет (18 поени) во охридскиот состав се осети во играта, а солидно деби имаше Давид Миладиновиќ кој уфри 12 поени. Двоцифрен учинок во тимот на АВ Охрид имаше и Хил кој стигна до 13 кошеви. Кај домаќините Пековиќ и Нацевски постигнаа по 17 кошеви.

Охридските кошаркари првата победа во Првата лига ќе ја бркаат на домашен терен против Куманово пред своите гледачи во СРЦ „Билјанини Извори“.

Мх.П.