Дуелот од 10-та рунда меѓу Куманово и АВ Охрид не се одигра, откако Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) го суспендираше тимот на Куманово поради не исплатени долгови за лиценците за интернационалните кошаркари.


Куманово остана на својот став кој го изнесоа преку соопштение и не го одиграа натпреварот со охридскиот состав. Покрај кумановчани суспензии добија екипите на Струмица, Кожув и Карпош Соколи.

Според правилата на КФМ, бодовите од неодиграниот натпревар ќе му припадна на АВ Охрид, а Куманово ќе биде казнет со одземање на еден поен кој се дава за пораз и опомена пред исклучување.

За два не одиграни натпревари без соодветна причина екипата се исклучува од понатамошно натпреварување и се преселува во најнизок ранг.

OhridNews