Кошаркарите на Блокотехна се искачија на врвот од табелата во Првата лига совладувајќи го составот на АВ Охрид со 77-68 (17-10, 21-13, 17-20, 22-25) во рамките од 18-та рунда во македонската кошаркарска елита.

Домаќините до триумфот стигнаа со добрата игра во првиот дел, додека охриѓани пружија повеќе од солиден отпорот во второто полувреме. Блокотехна стекна предност од 15 поени после дваесет минути игра. „Галебите“ анулираа шест поени во третата и четвртина четвртина и покажаа дека имаат квалитет и оти можат да се носат со најдобрите екипи во кошаркарскиот шампионат.

Во тимот на Блокотехна поентерски се истакнаа Данило Мијатовиќ (14п) и Божо Џумиќ и Петар Николиќ кои постигнаа по 12 кошеви. Во составот на АВ Охрид, Александар Андрејевиќ уфрли 15 кошеви, Миљан Дрекаловиќ постигна еден помалку, Стефан Младеновиќ застана на 13, а Антонио Донески и Лука Милојевиќ реализираа по 10 кошеви.

В среда во 19-та рунда од Првата лига, АВ Охрид на домашен терен го пречекува последнопласираниот Шкупи.

OhridNews