Екипите на АВ Охрид, Работнички и Карпош Соколи ја искористија предноста на домашен терен стигнувајќи до лесни и убедливи победи во шестата рунда од Првата лига.

„Галебите“ славеа против Шкупи (105-92), „црвените“ од градски парк го совладаа тимот на Блокотехна (71-55) во дербито, додека „соколите“ рутински се справија со Пелистер (102-73).

Најинтересниот натпревар се одигра во Куманово каде истоимената екипа претрпе пораз од Фени Индустри (116-115) после продолжение.

Резултати: АВ Охрид – Шкупи 105-92, Работнички – Блокотехна 71-55, Струмица – Кожув 85-92, Куманово – Фени Индустри 115-116, Карпош Соколи – Пелистер 102-73, МЗТ Скопје – Гостивар.

Табела: Работнички 12, Блокотехна 11, Карпош Соколи 11, Фени Индустри 10, АВ Охрид 10, Гостивар 9, МЗТ Скопје 8, Куманово 8, Пелистер 7, Кожув 7, Струмица 6, Шкупи 6.

Двојки 7.коло: Пелистер – Струмица, Фени Индустри – МЗТ Скопје, Кожув – Куманово, Шкупи – Карпош Соколи, Гостивар – Работнички, Блокотехна – АВ Охрид.

OhridNews