Два гостински триумфа го заокружија шестото коло од шампионатот. Шампионот Струмица славеше на гостувањето во Прилеп против Пелистер 94-76. Мзт Фон ја продолжи успешната серија на гостувањето кај Вардар O. 101-93.

Во наредното 7 коло утре во Билјанини Извори АМАК СП во исклучително важен натпревар го пречекува Вардар О. Со победа Охридскиот прволигаш ќе направи голем чекор кон обезбедување место во разигрувањето.

На останатиот натпревар утре Работнички ќе има можност да ја прекине низата порази против Соколи.

Дерби мечот се игра во Стримица каде во салата “Парк“ ќе се сретнат шампионот Струмица и лидерот Фени Инд.

Интересно ќе биде и во “Јане Сандански“ каде МЗТ ФОН ќе го пречека С. Пелистер. 

Покрај битката на теренот се очекува да биде интересно и на трибинита каде ќе се судрат навивчките групи на овие два тима “фемили“ кај МЗТ  и битолските “чкембари“