Натпреварот се игра во салата “Градски парк“, со почеток во 19.00 часот. Судии се: Југослав Диковски, Алија Феревски и Роберт Митровски, а делегат е Методија Крстевски.
Дерби натпреварот од 6. коло се игра во Кавадараци каде лидерот Фени Индустри го пречекува Фершпед Работнички. Како фаворит во мечот ќе влезе домаќинот кој е во серија од десет победи во серија. Ф. Работнички се наоѓа во кризен период во кој претпре четири порази. Во претходните натпревари на два пати “лозарите“ беа посупешни. Во Скопје триумфираа со 77:67, додека во Кавадарци 81-70.
Натпреварот помеѓу Фени Индустри и Фершпед Работнички се игра во салата “Јасмин“ во Кавадарци, со почеток во 18.30 часот (пренос на МТВ). Судии се: Марјан Мицевски, Игор Митровски и Сашко Терзиевски. Делегат е Александар Лазаревски.
Во натпревар кој одлучува за место во разигрувањето во Кале ќе се сретнат Вардар О. и МЗТ Фон. Во импозантна серија се “штрковите“ кои под водство на Лазовски во втората рунда триумфираа на четири од пет натпревари. Само победа ги остава црвено – црните во борба за едно од местата кои водат во разигрувањето.1-1 е во меѓусебните пресметки, во кои двете екипи ја искористија предноста на домашен терен. Во Аеродром МЗТ беше поуспешен со 78-73, додека во Кале Вардар триумфираше 96-82.
Натпреварот се игра во четврток во СРЦ “Кале“ со почеток во 18.30 часот Судии: Марјан Стојовски, Петар Денковски, Јовица Крстевски. Делегат: Блаже Поповски.
По поразот од Фени за пелистерци нема време за одмор, веќе во четврток во Битола пристигнува шампионот Струмица. По одличниот старт Пелистерци се во серија од два порази. Шампионот кој на стартот претрпе два порази се консолидираше и вистински тест за нивните можности ќе биде гостувањето во Младост. На првото гостување во Битола “чушкарите“ се извлекоа 87-86, додека во Струмица беа посупешни со 78-65.
Натпреварот се игра четврток во Битола, во салата “Младост“ со почеток во 18.30 часот. Судии: Александар Милојевиќ, Александар Сарџовски, Блашко Клинчаров. Делегат: Илија Божиновски.