Натпреварот помеѓу екипите на Охрид и Вардар Форино во рамките од шестата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе се одигра в недела со 15 часот.
Првата и Втората лига ги заменија термините поради обврските и подготовките на А репрезентацијата за претстојниот бараж натпревар со Косово во Лигата на Нации. Прволигашите со исклучок на дуелот Пелистер – Вардар ќе играат во терминот од второлигашите односно в сабота. Сите мечеви од Првата и Втората лига започнуваат во 15 часот.
„Рибарите“ на дуелот со Вардар Форино на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе атакуваат на нов триумф и три бодови, кои ќе ги лансира во горниот дел од табелата. Охрид после пет одиграни средби со шест бодови се наоѓа на седмата позиција, додека Вардар Форино со бод помалку е осмопласиран во второлигашката конкуренција.
OhridNews