Охридските фудбалери натпреварот против Гостивар од 10-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе го одиграат в недела, со почеток во 13:30 часот.
Причината за заменување на термините помеѓу Првата и двете Втори лиги е учеството на македонската фудбалска репрезентација во финалето од баражот за пласман на Европското првенство и двата натпревари во УЕФА Лигата на Нации.
„Рибарите“ имаа недела дена што подобро да се подготват за дуелот со лидерот на табелата Гостивар, откако принудно беа стопирани мечевите во македонскиот фудбал. Гостивар поминува низ турбулентен период и не се знае во каков состав ќе допатува на мегдан во Охрид.
Најверојатно делегирањето на судии останува исто и правдата во Охрид ќе ја дели Димитар Пилешков од Штип.
Покрај дуелот Охрид – Гостивар во рамките од 10-та рунда ќе се одиграат мечевите Кораб – Тетекс, Кадино – Велешта, Вардар Форино – Дрита, Велазерими – Скопје.
OhridNews