Младенците Дејвид (32) И Кристи (25) од Пенсилванија , САД, ја поминале првата брачна ноќ во одделни ќелии. Расправијата започнала веднаш по пристигнувањето во хотелот Холидеј Ин во предградието на Питсбург. Давид ја нокаутирак Кристи со карате удар на седмиот кат. После тоа невестата нападнала двајца гости од друга свадба кои и притрчале на помош. Тепачката започнала во лифтот а продолжила во холот, каде што парот започнал да фрла метални предмети од кои биле повредени и други гости.
– Беше прилично диво, рекол полицаецот Дејв Сиск.
Се венчале на Бахами, а сакале да направат прослава за 150 гости. Расправијата ескалирала кога се пријавувале за соба.
Кога пристигнала полицијата, Дејвид лежел на подот, а пијаната Кристи урлала. Ги очекува прелиминарно сослушување поради реметење на јвниот ред и мир, а невестата дополнително е оптужена за пијанење на јавно место.
Судот на Дејвид сакал да му забрани пристап, но Кристи тоа го одбила.
После пуштањето од притвор, Кристи, во венчален фустан, отишла кај нејзиниот татко. Дави си отишол сам, со потечено око, крвава кошула, и без еден чевел.